Дома Фудбал Се подготвува размена меѓу Челси и Јунајтед – вклучен е човек од 100 милиони евра

Се подготвува размена меѓу Челси и Јунајтед – вклучен е човек од 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед не се смирува. По барањето за Мбеумо и Кунја, и класичен напаѓач, сега тропна на вратите на Челзи. Целта е Николас Џексон, Сенегалецот во кого Мареска нема доверба. По доаѓањето на Жоао Педро и Лајам Делап, напаѓач би бил само скапа резерва, но цената е висока.

Кога Милан им се обрати, Англичаните бараа 100 милиони евра, што е сосема нереална цена.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, англиските медиуми инсистираат дека „Ѓаволите“ започнале преговори со Челзи, Аморим не го сака Хојлунд и клубот сега дури е отворен да го позајми на некој од италијанските клубови. Јувентус би можел да биде опција за Данецот кој разочара за две сезони во ПЛ, иако сè уште нема решение околу продажбата на Влаховиќ.

Јасно е зошто португалскиот менаџер бара напаѓачи, Јунајтед даде 44 гола минатата сезона, најмалку откако постои ПЛ во оваа форма. Само, тешко е да се верува дека ќе платат толку многу пари, напомнатите Бразилец и Камерунец ги чинеа (Мбеумо сè уште не потпиша) околу 140 милиони евра.

Единственото решение е трејд, Гарначо за Џексон, иако напаѓачот на Челси е поскап, но тоа не е разлика која не може да се надомести. Аргентинецот и парите во правец на Лондон би ги задоволиле “Сините”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид заинтересиран за – освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид вложи 178 милиони евра во доведувањето на Деан Хујсен, Трент Александар-Арнолд…