Дома Останати Тенис Се подготвува нешто спектакуларно: Ѓоковиќ и Роналдо! (Фото)

Се подготвува нешто спектакуларно: Ѓоковиќ и Роналдо! (Фото)

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо очигледно подготвуваат големо изненадување, само сè уште не е јасно за што точно станува збор.

Најдобриот тенисер во историјата сподели на својот Инстаграм слика од Кристијано (која португалецот ја објави и самиот), која сама по себе не значи многу.

Меѓутоа, Новак Ѓоковиќ на „стори“ го означи Кристијано и остави мистериозна порака.

„Се подготвува нешто интересно?“, напиша Новак покрај Роналдовото име.

Сè уште не е познато на што мислат Ѓоковиќ и Роналдо, но не е невозможно Новак наскоро да се појави кај Португалецот во подкастот кој станува многу популарен,.

Роналдо на својот „Јутјуб“ канал има 71,5 милиони претплатници, а неодамна објавуваше и содржини со најпознатиот светски јутјубер „Мr Beast“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…