Одборот за фудбалски правила на Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB) вчера се состана во Белфаст, на 139-тата собраниска сесија донесе некои нови револуционерни промени.
Најзначајната промена се однесува на ограничувањето на времето кое голманите го имаат за да ја држат топката во своите раце.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако досега на хартија стоеше дека голманот смее да ја држи топката во рацете шест секунди, тоа не се спроведуваше на практика. Сега времето е зголемено на осум секунди и судијата јавно ќе го брои времето, а екипите кои ќе го прекршат правилото ќе бидат казнети со корнер за противникот.
IFAB доби и еден предлог од ФИФА чијашто цел е да го подобри ВАР системот со намалување на времетраењето на прегледите на спорни случаи, а на следниот состанок на IFAB ќе се разгледуваат воведувањето на уште една помош за да биде судењето на натпреварите што е можно поправедно.
Имено, ќе се разгледува воведувањето на Фудбалска Видео Поддршка (Football Video Support – FVS), што е систем дизајниран да биде поевтин и подостапен за националните фудбалски сојузи кои сè уште не можат да го имплементираат ВАР.
FVS е тестиран на Светските првенства за жени U17 и U20, а се работи за тоа дека тренерите кои сметаат дека главниот судија донел погрешна одлука му покажуваат на четвртиот судија зелен картон и на тој начин бараат преглед на снимката.