Дома Фудбал Се пензионираше голманот кој го освои Мундијалот во 2018 година и кој беше дел од финалето во 2022

Се пензионираше голманот кој го освои Мундијалот во 2018 година и кој беше дел од финалето во 2022

Стив Манданда, кој има 40 години и е поранешен голман на Франција и освојувач на Светското првенство во 2018 година, соопшти дека се повлекува од фудбалот.

Неговиот договор со Рен заврши на крајот од минатата сезона, а сега потврди дека е време да стави крај на својата долга и успешна кариера.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Ми требаше подолго време да го прифатам, бидејќи не е лесно, да, престанувам”, изјави Манданда, истакнувајќи дека имал повеќе понуди, но ги одбил сите.

Манданда е роден во Киншаса, но пораснал во Франција.

Професионалната кариера ја започна во Хавр, а потоа стекна репутација во Марсеј, каде што помина дури 14 сезони и освои шест трофеи, вклучувајќи ја титулата француски шампион во 2010 година, под водството на Дидие Дешан.

Кратко време беше дел од Кристал Палас во сезоната 2016/17, но брзо се врати во Марсеј, пред последната година да ја помине во дресот на Рен.

За француската репрезентација дебитираше уште во 2008 година и одигра вкупно 35 натпревари.

Долги години беше резерва на Уго Лорис, но и дел од тимот што го освои Мундијалот во 2018 година во Русија, а стигна и до финалето на Еуро 2016 и Светското првенство во Катар 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал за фудбалот, мајка му, “Златната топка” и фамозниот роденден

Ламин Јамал даде интервју пред Хосе Рамон де ла Морена во емисијата „Resonancia de Corazón…