Дома Фудбал Се огласи Ал Келаифи: ПСЖ се мачи, а за него новиот формат во ЛШ е – фантастичен!

Се огласи Ал Келаифи: ПСЖ се мачи, а за него новиот формат во ЛШ е – фантастичен!

Претседателот на Пари Сен Жермен и Европската клупска асоцијација (ЕКА) Насер Ал-Келафи ја пофали имплементацијата на новиот систем на европските натпреварувања.

Од оваа сезона имаме можност да гледаме револуционерно издание на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската Лига. Тимовите повеќе не се поделени во групи, туку како што сите знаеме, има само една група и секој тим игра осум натпревари против различни противници..


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


“Мислам дека ова е формат кој донесе напредок во однос на минатиот. Напредок за сите. Погледнете ја табелата, медиумите, фановите… Погледнете ги резултатите на тимовите. Поинтересно е, има повеќе изненадувања и ангажираност. Конечно, она што сите го забораваат, 440.000.000 евра се распределуваат врз основа на солидарност. Тоа оди на тимовите кои дури и не играат во натпреварувањето”, рече Ал-Келафи.

Останува да се види дали истото ќе го зборува и по завршувањето на првиот дел од сезоната бидејќи неговиот Пари Сен Жермен во моментов е 25-тим на табелата и прашање е дали ќе се пласира во продолжението на натпреварувањето..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер има нова работа, чека потврда од клубот

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција каде ќе го преземе тимот …