Дома Останати Тенис „Се надевам дека нема да пречи блесокот на дијамантите”: Арина Сабаленка не го симнува прстенот од 1.000.000 долари (Видео)

„Се надевам дека нема да пречи блесокот на дијамантите”: Арина Сабаленка не го симнува прстенот од 1.000.000 долари (Видео)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го започна својот поход по титулата во Индијан Велс, а нејзиниот прв меч во Калифорнија привлече многу внимание. Моментално најдобрата играчка на светот реши на ова престижно натпреварување да игра со веренички прстен од дијаманти на раката, без оглед на фактот дека тој вреди милион долари!

Сабаленка очигледно нема намера да го симне вереничкиот прстен кој го чекаше долго време. Откако го прошета низ Калифорнија претходните денови и го покажа на сите на кои наиде – вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ – одлучи со него да настапи на турнирот. Се појави со прстенот на мечот, а потоа и на конференцијата каде што сè објасни.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Два пати проверивме дали постои можност да се изгуби дијамантот за време на мечот и таква можност нема, па затоа бев сигурна носејќи го прстенот. Се чувствувам удобно, се чувствувам одлично и се надевам дека мојот противник ќе биде заслепен од сјајот на овие дијаманти“, изјави Арина Сабаленка на својата конференција по победата на турнирот во Индијан Велс. Послушајте го нејзиниот говор:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал пред почетокот на Индијан Велс: Директор ја допираше Рибакина…(Видео)

Шампионката на Австралија Опен, Елена Рибакина, се најде во центарот на вниманието по инци…