
Иако Манчестер Сити не ја освојуваше титулата на Англиската Премиер Лига секоја година, во последниве десетина години секогаш беше прв фаворит кога започнуваше сезоната. Оваа традиција сега е променета.
Во изминатите 13 години, Манчестер Сити однесе осум титули и стана доминантна сила во англискиот фудбал. Дури и кога не беше шампион, тие беа главни конкуренти и потребно беше значително да потфрлат за некој друг да слави на врвот на таблицата.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сепак, тековната сезона која започнува на 15 август, носи поинкво рангирање. Манчестер Сити веќе не е прв фаворит за титулата, дури и не е на второ место.
На врвот е Ливерпул со коефициент 2.80 за одбрана на титулата, што ги прави први фаворити за новата сезона.
Неочекувано, на второто место e Арсенал со коефициент 3.5, додека Манчестер Сити се наоѓа на третата позиција со коефициент 4.5.



Причината за падот на Манчестер Сити, освен слабите настапи минатата сезона, вклучува и можните санкции кои го очекуваат клубот поради обвиненијата на 115 точки. Ова може да значи одземање на бодови, што би можело сериозно да ја засегне нивната положба во следната сезона.
Четврти на листата е Челзи со коефициент 11.0, следат Њукасл и Манчестер Јунајтед на петто и шесто место, додека освојувачот на Лигата на Европа, Тотенхем, е дури на седмото место.