Дома Фудбал Сè е спремно за нов трансфер на Ливерпул – патот до дефанзивецот е отворен!

Сè е спремно за нов трансфер на Ливерпул – патот до дефанзивецот е отворен!

Фудбалерите на Ливерпул утре ќе играат против Кристал Палас на “Вембли” во рамките на Комјунити шилд.

Секогаш интересен фудбалски настан каде што победникот од Премиер лигата се среќава со освојувачот на ФА купот. На овој меч, може да се случи и неформални преговори за Марк Гуеи, дефанзивецот кој е цел на Ливерпул.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Челси се откажа од трката, па Ливерпул има јасен пат до ангажман на англискиот репрезентативец. Арне Слот го разгледа како потенцијално засилување за одбраната, а Гуеи е расположен за премин на „Енфилд“ бидејќи му завршува договорот оваа сезона.

Се предвидува дека меѓу 30 и 40 милиони фунти би било доволно да се убеди Кристал Палас за трансферот.

Ова лето, Ливерпул веќе ги ангажираше: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Печи, а во тимот се врати и Џорџи Мамардашвили по позајмицата во Валенсија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го пушта Зинченко без пари

Одбранбениот играч на Арсенал Олександар Зинченко може да го напушти клубот како слободен …