Дома Фудбал Се е договорено, Де Брујне потпишува за Наполи

Се е договорено, Де Брујне потпишува за Наполи

Бомбастичниот трансфер на Наполи многу скоро ќе стане реалност. Италијанскиот шампион има постигнато целосен договор со ѕвездата на Манчестер Сити Кевин Де Бројне, кој ќе стане првото летно засилување на „партенопеите“, објавуваат италијанските медиуми.

Според Џанлука Ди Марцио, клубот и адвокатите на Белгиецот ќе ги разменат потребните документи во недела, а медицинските прегледи најверојатно ќе се одржат во понеделник, со можност тоа да се случи и по натпреварите на Де Бројне со неговиот национален тим.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Газета дело спорт“ додава дека договорот на 33-годишниот играч ќе биде за 2+1 сезона. Секоја година офанзивниот играч од средниот ред ќе добива 5,5 милиони евра во новиот клуб, а при потпишувањето на договорот ќе му бидат исплатени уште 10 милиони.

Како што е познато, Де Бројне ќе си замине од Сити како слободен агент поради истекот на неговиот договор, кој нема да биде обновен дури ни за Светското клупско првенство. Искусниот плејмејкер помина 10 години на „Етихад“, во кои освои вкупно 18 трофеи, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите и шест во Премиер лигата. Во овој период тој одигра за „граѓаните“ 422 натпревари во сите турнири, постигнувајќи 108 голови и додавајќи 177 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување во плеј-офот за Серија А: Победи клубот кој најдолго играл во Серија Б

Фудбалерите на Кремонезе постигнаа огромен успех и обезбедија влез во највисокото ниво на …