Дома Фудбал Се било поради пари: Откриено зошто Лукаку не можел да го погреба својот татко во Европа

Се било поради пари: Откриено зошто Лукаку не можел да го погреба својот татко во Европа

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, изминативе неколку денови се наоѓа во најтешките моменти од својот живот. По смртта на татко му, Роџер Менама Лукаку, белгискиот фудбалер јавно сподели трогателни обвинувања, истакнувајќи дека нему и на брат му, Џордан, не им било дозволено да го погребаат нивниот татко во Европа, а сега излезе на виделина и заднината на овој проблем.

“Нашиот татко почина на 28 септември и ние, како браќа, направивме сè што е можно неговото тело да го вратиме во Европа, но чувствуваме дека сме уценети”, напиша Лукаку на Инстаграм.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тој додаде дека семејството планирало погреб за петок, но властите во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, одлучиле дека погребот мора да се одржи таму.

Според белгискиот медиум Het Laatste Nieuws (HLN), нови детали ја осветлуваат оваа тажна ситуација. Искратот што се разви, потекнува од тоа што далечни роднини на браќата Лукаку во Конго сакале да ја искористат ситуацијата за финансиска корист.

Како што наведуваат, Ромелу веќе исплатил “повеќе од дарежлива сума” на локалната заедница за да го испратат татко му на традиционален начин. Но, и покрај постигнатиот договор за транспорт на телото во Белгија, членовите на заедницата го промениле ставот и побарале дополнителни средства.

Кога Ромелу и Џордан одбиле да платат многукратно поголема сума од договорената, локалните власти донеле одлука телото да остане во Конго и да биде погребано таму.

Така, според пишувањата на белгиските медиуми, тагата на семејството Лукаку дополнително е продлабочена, бидејќи наместо спокоен испраќај на таткото, станале жртви на алчност и притисоци.

Да потсетиме, Роџер Менама Лукаку, некогашен репрезентативец на ДР Конго, почина на крајот од септември.

Лукаку, пак, се повреди на средината на август и пропушти почетокот на сезоната. Очекувано е дека нема да може да настапува најмалку уште еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…