Дома Фудбал Саудијците не се откажуваат: Ѕвездата на Интер ја одби понудата, се вратија со – двојно поголема!

Саудијците не се откажуваат: Ѕвездата на Интер ја одби понудата, се вратија со – двојно поголема!

Саудискиот клуб Ал Хилал му понуди на врскиот играч од средината на теренот на италијанската фудбалска репрезентација и на Интер, Николa Барела (28), повеќегодишен договор вреден 35 милиони евра годишно, пренесуваат италијанските медиуми. Саудијците прво понудија 18 милиони евра, но кога Барела ги одби, ја зголемија понудата на дури 35 милиони евра.

Одличниот италијански врски играч минатата година го продолжи својот договор со Интер до 2029 година, вреден 6,5 милиони евра годишно. Барела пристигна во Интер во 2019 година од Калјари, прво на позајмица, а потоа “Нераѕурите” го откупија неговиот договор. Досега во дресот на миланскиот клуб има запишано 272 настапи, постигнувајќи 25 гола, додека за италијанската репрезентација има 61 настап со 10 гола.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Ал Хилал во моментов е на второ место во саудиското првенство со 57 бодови, четири помалку од лидерот Ал Иттихад. Клубот го води Португалецот Жорж Жезус, а главните ѕвезди се мароканскиот голман Јасин Буну, португалскиот бек Жоао Кансело и португалскиот врски играч Рубен Невес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер пред сериозен тест: Барела добил понуда која тешко се одбива!

Николо Барела веќе неколку години е еден од најдобрите фудбалери на Интер и италијанската …