Дома Трансфер зона Саудијците му нудат 300 милиони на Реал и една милијарда на Винисиус

Саудијците му нудат 300 милиони на Реал и една милијарда на Винисиус

Гласините за амбициозните планови на Саудијците да го направат Винисиус Јуниор една од ѕвездите на локалниот фудбал продолжуваат.

Според „Ас“ од Саудиската Про лига се подготвени да ги соборат сите рекорди за да потпишат со ѕвездата на Реал Мадрид. Подготвената понуда изгледа примамливо не само за самиот играч, туку и за клубот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според мадридското издание, понудата за „белите“ ќе биде во висина од 300 милиони евра, а самиот Бразилец ќе добие понуда за петгодишен договор со плата од 200 милиони евра по сезона, односно 1 милијарда евра за Винисиус.

Ова ќе го подобри моменталниот трансфер рекорд, кој го држи Нејмар, за кого Пари Сен Жермен плати 222 милиони евра за да го ослободи од договорот со Барселона. Според „Ас“, понудата би можела да дојде од поранешниот клуб на Нејмар, Ал-Хилал, кој вчера го раскина договорот со Бразилецот.

Ставот на Реал Мадрид во моментов е дека доколку некој клуб сака да го ангажира Винисиус, ќе мора да ја плати неговата откупна клаузула од една милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…