Дома Фудбал Сане ја „испраќа“ големата желба на Арсенал во Баерн Минхен!?

Сане ја „испраќа“ големата желба на Арсенал во Баерн Минхен!?

Заминувањето на Лерој Сане по половина деценија од Баерн Минхен остави празно место на крилната позиција во редовите на најтрофејниот германски клуб, а моментално најблиску да го пополни тоа место е шпанскиот репрезентативец и ас на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг.

Баерн има итна потреба од свежа крв кога станува збор за последната третина од тимот. Управата на клубот многу сакаше Сане да остане, но натурализираниот германски фудбалер ја одби последната понуда на Баварците и се пресели во Истанбул, каде што ќе игра за Галатасарај следната сезона.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Заминувањето на играчот со благородно потекло вклучи аларм во Баерн, а сега е поблизу од кога било дека од многуте опции што фигурират како засилувања, изборот ќе падне на Вилијамс.

Пишувавме на почетокот од неделата дека шпанскиот репрезентативец се смета за една од поважните опции за засилување на Баерн и во овој момент изгледа многу пореално од Рафаел Леао, за кого Милан бара дури 100 милиони евра, но и од Бредли Баркола на кого очигледно не му се брза да замине од европскиот шампион ПСЖ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал испрати понуда за Ѓокереш, па следеше остар одговор од Аморим и Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед имаше остар одговор откако Арсенал испрати официјална понуда до Спортин…