Дома Фудбал Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб.

Договорот на 27-годишниот дефанзивец е на четири сезони. Дефанзивецот, кој освои титула во Лига 1 во 2023 и 2024 година, ќе чини 11 милиони евра на раководството на “црните мачки”. Во договорот се предвидени и три милиони евра бонуси при исполнување на одредени услови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Ова е нов предизвик и среќен сум што сум тука. Го видов амбиентот на стадионот и многу ми се допадна. Навивачите се навистина важни за фудбалот. Дојдов тука да ги израдувам. Тука има навистина добри фудбалери. Можеме да постигнеме добри работи заедно – играчите, навивачите и целиот град. Ни треба сето тоа преку сезоната”, изјави Мукиееле, кој играше како позајмен во Баер Леверкузен во последната кампања.

Бранителот има еден одигран натпревар за француската национална репрезентација во 2021 година. Во кариерата досега Норди Мукиееле го носеше дресот на Монпелие и РБ Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис ги негираше гласините и рече: Горд сум што до мене стои вистински човек како Конте

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ги искористи социјалните мрежи за категорич…