Дома Фудбал Санчо со еден коментар на фотографијата на Рашфорд ги налути навивачите на Манчестер јунајтед (Фото)

Санчо со еден коментар на фотографијата на Рашфорд ги налути навивачите на Манчестер јунајтед (Фото)

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо очигледно нема многу такт за реалноста околу себе, бидејќи со неприкладен коментар на социјалните мрежи по повод дебиот на Маркус Рашфорд за Астон Вила предизвика лавина негативни реакции од навивачите на Манчестер Јунајтед.

Рашфорд викендов сподели фотографија од дебиот во дресот на Вила, што му беше прв официјален натпревар по скоро два месеци бидејќи со одлука на Рубен Аморим беше надвор од протоколите во Јунајтед.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Санчо, инаку и самиот фудбалер на Јунајтед на позајмица во Челси, му одговори на Instagram со натписот „слобода“, што многумина го протолкуваа како негативен коментар од аспект на англичанецот како потсмевање на клубот со кој има важечки договор до летото 2026 година.

Да потсетиме, Санчо кон крајот на август пристигна во Челси на едногодишна позајмица од Јунајтед со обврска за откуп на договорот наредното лето под одредени услови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…