Дома Фудбал Само вака Италија може да оди директно на Мундијал – потребно ѝ е светско чудо против Норвешка!

Само вака Италија може да оди директно на Мундијал – потребно ѝ е светско чудо против Норвешка!

По пропуштените две Светски првенства во Русија 2018 и Катар 2022, италијанската фудбалска репрезентација е речиси пред непремостлива пречка во квалификациите за Светското првенство 2026. До 2018 година и Русија, тие не учествуваа само два пати, на првото во Уругвај 1930 и на првенството во Шведска 1958.

Сега по Русија и Катар, на ист начин може да пропуштат и да настапат во САД, Канада и Мексико. Италија за директен пласман треба да направи скоро незамисливо – да ја совлада Норвешка со најмалку девет гола разлика на Сан Сиро пад недела.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред натпреварот во Милано, Норвежаните се водечка екипа во групата со 21 бод, додека Италија е зад нив со три бода помалку. Меѓутоа, Хааланд и неговите соиграчи имаат гол-разлика од +29, додека селекцијата на Џенаро Гатузо има +12.

Италија значи не само што треба да победи, туку нивниот успех треба да биде најмалку со девет гола разлика. Исходот таков е малку веројатен, и изгледно е дека „Аѕурите“ ќе мора да се нафатат на баражниот турнир во март за да се квалифицираат на Светското првенство.

Најголемиот пораз во својата фудбалска историја Норвешка го доживеала на пријателски дуел против Данска во 1917 година кога изгубила со 0:12. Во службени средби нивниот најтежок пораз е од Холандија кога загубија со 0:9 во 1972 година. Од друга страна, најголемата службена победа на Италија беше 9-0 против САД во осминафиналето на Олимписките игри 1948 година.

Во дополнителните квалификации за СП 2026 ќе учествуваат 16 европски репрезентации кои ќе се борат за последните четири места. Во баражот ќе влезат 12 второпласирани од групите од првиот круг и уште четири екипи врз основа на рангирањето на Лигата на нациите 2024/25 кои завршиле надвор од првите две позиции во своите квалификациски групи.

Standings provided by Sofascore

Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи, секоја ќе има по четири екипи. На секој турнир ќе се играат две полуфиналиња и едно финале, а победниците ќе патуваат на Светското првенство. Ждрепката за баражот ќе се одржи на 20 ноември во Цирих.

Пред ждрепката, екипите ќе бидат распоредени во четири категоријални групи. Трите први категории ќе се одредат според ФИФА рангирањето, додека четврта категорија ќе биде составена од тимови од Лигата на нациите. За Италијанците значајно е што ќе бидат меѓу носителите во ждрепката.

Конкретно, четири носители ќе играат во полуфиналињата против екипи од четвртата категорија, а во останатите полуфиналиња ќе се соочат екипи од втората и третата категорија. Италја е во својата историја четирикратно светски шампион (1934, 1938, 1982, 2006), два пати биле втори (1970, 1994), а еднаш трети (1990).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…