
Навивачите на Ливерпул го изразија своето незадоволство од Мохамед Салах, нарекувајќи го „себичен“ по неговиот потег на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт. И покрај тоа што Црвените победија убедливо 5:1, Салах во завршницата на натпреварот одлучи сам да шутира наместо да асистира на Флоријан Вирц, скапо платеното засилување кое сè уште го чека својот прв погодок во дресот на клубот, пишува Daily Mail. Погледнете ја спорната ситуација во приложеното видео од 9:44 минута.
Тимот на тренерот Арне Слот покажа карактер откако се најде во резултатски постепен. Со три гола за само девет минути во првото полувреме, кои ги постигнаа Хуго Екитике, Вирџил ван Дајк и Ибрахима Конате, Ливерпул го преврте резултатот. Победата ја потврдија Коди Гакпо и Доминик Собослај, обезбедувајќи важни три бода по поразот во Премиерлигата од Манчестер Јунајтед и прекинот на низата од четири последователни порази.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Салах, кој натпреварот го започна на клупата, влезе во игра во 74-та минута заменувајќи го Екитике. Кон самиот крај на натпреварот, при водство од 5:1, се најде во одлична прилика. Имаше пат кон голот, а покрај него се наоѓаше и Флоријан Вирц, на кого Салах можеше да му ја додаде топката за речиси сигурен погодок.
Меѓутоа, египетскиот напаѓач се одлучи за удар, игнорирајќи го соиграчот кој летово пристигна во Ливерпул од Баер Леверкузен за 135 милиони евра. Вирц остана видливо разочаран и фрустриран откако му беше ускратена приликата за својот прв гол.