Дома Фудбал Салах и дефинитивно го напушта Ливерпул

Салах и дефинитивно го напушта Ливерпул

Легендарниот Мохамед Салах (32) потврди во разговор за „Скај Спорт“ дека ова му е последната сезона во Ливерпул.

Секоја љубов има крај, па така и оваа меѓу Мохамед Салах и Ливерпул. Египќанецот објави дека ќе замине на крајот од сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во разговорот со медиумот истакна дека преговорите за продолжување на соработката се прекинати и верува дека тоа е завршена приказна, но сака да замине како шампион на Англија.

„Навистина сакам да ја освојам Премиер лигата оваа сезона, бидејќи ова ми е последната сезона во клубот. Сакам да му дадам нешто посебно на овој град“, изјави Салах, а на прашањето за преговорите за нов договор рече:

„Засега е така. Далеку сме од каков било напредок во преговорите, а имам уште шест месеци договор“, истакна Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент кај аеродромот во Тузла, непознати лица нападнале навивачи на Црвена звезда (Видео)

Непријатни сцени се случуваа вечерва во близина на Меѓународниот аеродром во Тузла каде шт…