
Легендата на Манчестер Јунајтед и еден од најпознатите фудбалски коментатори, Гери Невил, во неговиот подкаст го анализираше дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити овој викенд. Особено го пофали одличниот Мохамед Салах, кој во победата од 2:0 на Ливерпул придонесе со еден гол и една асистенција. Исто така, тој коментираше и за неговите дуели со хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол.
“Знаете кога играте против некого и си мислите: ‘Ќе го уништам, ќе го срушам, ќе поминам низ него’ – но не можете, тој е како ѕид. Таа топка што Алисон му ја упати на 40, 50 метри директно во градите, а тој го држи Гвардиол, кој е висок скоро 190 см, како да е мало дете… Салах го прави тоа цела сезона. Не знам дали некогаш сум видел вакво нешто досега”, рече Невил и продолжи:
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
“Знам дека секогаш бил силен и го имал ниското тежиште, и дека има сила на долги дистанци, како што обично велам. Понекогаш, кога како бек би играле против крилни играчи, би мислеле дека се прилично слаби. Салах не е таков, но веројатно е во споредба со Гвардиол. Тој ја испружи раката и си помислувате: ‘Не можам ни да се помрднам!’ И тоа е како што е Салах во моментов.”
Гвардиол доби критики од некои англиски медиуми за настапот против Ливерпул, а најголем број медиуми му дадоа му оценка 4 со образложение: “Направи две грешки истовремено за вториот гол, затоа што му дозволи на Салах да дојде до топката, а потоа му дозволи на Египќанецот да го најде Сабослаи.”
Од друга страна, оваа сезона во Премиер лигата Салах е во одлична форма. Египетскиот напаѓач има 25 голови и 16 асистенции и го води Ливерпул кон освојување на титулата шампион.