Дома Фудбал Сакаше да ја заврши кариерата на 29 години, а сега е во животна форма – седум месеци беше без клуб!

Сакаше да ја заврши кариерата на 29 години, а сега е во животна форма – седум месеци беше без клуб!

Лорис Кариус беше подготвен да ја заврши фудбалската кариера во 2021 година. По заминувањето од Ливерпул, тогаш 28-годишниот голман остана без клуб и седум месеци не играше. “Ја завршив кариерата. Звучи драматично. Во мојата глава веќе бев во пензија,” изјави Кариус. Сепак, германскиот голман сега пишува нова приказна со Шалке 04, клуб од втората германска лига кој се стреми да се врати на големата сцена по тешкиот период, објавува The Independent.

Во период од 12 месеци во Гелзенкирхен, Кариус помогна во трансформацијата на клубот, кој минатата сезона се бореше за опстанок. Сега, Шалке е водечки на врвот на втората Бундеслига. Тимот има најдобра одбрана, примајќи само 10 гола во 18 натпревари, и е високо ценет од една од најстрастните навивачки бази во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Имаше време кога самодовербата ми беше ниска – сега таа е очигледно на високо ниво,” вели Кариус. Неговото враќање сведочи за менталната сила со оглед на тоа колку лошо се одвиваа работите по финалето на Лигата на шампиони во Киев 2018 година.

Тој натпревар беше пресврт во неговата кариера во Ливерпул, иако тоа го освести дури подоцна. Утврдено е дека претрпел потрес на мозокот за време на финалето. “Разговорите беа дека ќе почнам повторно во новата сезона,” открива Кариус за разговорите со тогашниот менаџер Јирген Клоп.

Тогаш 24-годишниот Кариус беше прв голман пред Симон Мињоле и веруваше дека клубот нема да се откаже од неговиот развој заради една лоша вечер. Меѓутоа, средината на јули Ливерпул го донесе Алисон Бекер, кој тогаш стана најскапиот голман во светот. Кариус сфати дека ја изгубил својата позиција без никакво претходно предупредување.

“Ме изненади малку. Тоа го прочитав првпат во вестите,” се присетува тој. “Никој претходно не ми кажа дека доведуваат засилување, ниту пак имаше разговори со мене, но претпоставувам дека тоа е фудбалот. Кога прашав зошто никој не ме информирал, ми рекоа дека не можат да известуваат 30 играчи секојпат кога ќе потпишат некој на нивната позиција.”

“Нема затајување или нешто слично. Алисон до денес го брани одлично, тој е фантастичен голман. Но ако тоа беше планот од почеток, можеби некој можеше да ми каже порано,” додаде тој.

Доаѓањето на Алисон значеше дека Кариус мора итно да бара нов клуб во доцна фаза на трансфер периодот. “Моите опции беа малку ограничени,” вели. “Очигледно, во август повеќето добри тимови веќе имаат број еден и го завршиле планирањето.”

Прифати понуда од турскиот Бешикташ, но признава дека одлуката била брза и погрешна. Средината во турскиот фудбал, каде што беше изложен на жестоки критики, дополнително му го наруши неговото самопочитување.

“Отидов на позајмица мислејќи дека новата средина можеби ќе ми помогне да добијам свеж старт, но таа средина на крајот беше многу тешка,” рече Кариус. Неговата двегодишна позајмица беше прекината поради тврдењето што клубот не му ги исплаќал платите. Потоа се појави можност за позајмица во Унион Берлин каде што не доби шанса, и по истекот на договорот со Ливерпул, остана без клуб.

Во текот на седумте месеци надвор од фудбалот, размислуваше за пензија. “Не беа најлоши месеци,” вели со насмевка. “Сепак уживав. Поминав многу време со семејството, патував многу, правев работи кои обично не може да ги правите. Очигледно, сè уште бев желен да играм фудбал, но не сакав да правам ништо без да бидам 100% посветен.”

Шанса му се појави во Њукасл Јунајтед, каде пристигна како трет голман. Иако во две години запиша само два настапа, еден од нив беше во финалето на Карабао купот 2023 против Манчестер Јунајтед. Поради суспензија на Ник Поуп и фактот што Мартин Дубравка немаше право на настап, Кариус застана на голот првпат после скоро две години.

Иако Њукасл изгуби, Кариус настапи одлично . “Очигледно, тоа беше тажен ден за сите во Њукасл бидејќи беше прво финале по многу години и не победивме. Но, беше многу добро искуство,” вели Кариус. “Иако не победивме, беше интересна приказна – да се вратам таму и да играм уште едно финале.”

Искуството од Њукасл и обновеното самопочитување го подготвија за она што следи. Во Шалке пронајде нова шанса, а враќањето на клубот во Бундеслигата би било врв и за него и за клубот. “Тоа би значело многу за сите – не само за мене – во овој клуб кој не поддржува секој ден, и во тешки и во убави времиња,” вели за можноста за промоција.

“Гледањето на сите тие луѓе, радоста која ја имаат сега гледајќи нè како играме, навистина е посебно. Се обидувам да им пружам што е можно повеќе специјални моменти во вториот дел од сезоната. Ќе видиме каде ќе нè одведе тоа, но на крајот тоа е целта што ја имам. Тоа би била навистина убавa приказна,” заклучи тој.

Да потсетиме, спортската водителка Дилетта Леота (34) и Кариус во декември открија дека чекаат второ дете. Веста ја објавија на социјалните мрежи со слатка семејна фотографија. Врската меѓу Дилета и Лорис започна во октомври 2022 година кога се запознаа за време на вечера во париски клуб за време на Модна недела. Италијанката подоцна откри дека тоа била љубов на прв поглед.

“Кога влезе, им реков на девојките: ‘Само што влезе мажот на мојот живот’,” изјави Дилетта. Во 2023 година станаа родители на девојчето Арија, кое се роди токму на роденденот на Дилетта, 16 август. Нивната љубов ја крунисаа со брак на 22 јуни 2024 година на сицилијанскиот остров Вулкaно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Коста: Конте во Челси никој не го сакаше

Диего Коста зборуваше за своите искуства со поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте, п…