Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија Опен, откако денес во Мелбурн во полуфиналето ја победи Паулa Бадоса од Шпанија со 6:4, 6:2.
Мечот траеше еден час и 26 минути. Ова беше осмиот меѓусебен дуел на белоруската и шпанската тенисерка, а шеста победа на Сабаленка, која ја брани титулата на Австралија Опен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Белорусинката ќе има можност да стане првата тенисерка после Мартина Хингис (1997-1999), која три пати последователно го освоила Австралија Опен.
Сабаленка во финалето на првиот Гренд Слем турнир од сезоната ќе игра против победничката од мечот меѓу Полјачката Ига Швјонтек и Американката Медисон Киз.
Финалето е закажано за сабота.