Искусниот бразилски фудбалер Нејмар сака да ја напушти Саудиска Арабија и веќе им откри на раководителите на Ал-Хилал каде сака да игра во Новата година.
Нејмар беше мета на својот поранешен клуб Сантос, но очигледно е прерано за враќање дома. Новинарот Таволиери смета дека Бразилецот има јасна желба за 2025 година.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Таволиери на својот профил на „Икс“ објави дека Нејмар отворено им соопштил на соиграчите дека ќе игра за Интер Мајами каде ќе се приклучи на своите добри пријатели Лео Меси и Луис Суарез.
„Нејмар долго време сонуваше за обновување на триото Меси-Суарез-Нејмар од Барселона. Сега конечно ја има оваа можност. Може повторно да игра со Меси и Суарез на американско тло”, вели новинарот.