
Александер Исак требаше ова лето да направи трансфер на кариерата и да ги оствари своите соништа, но изгледа дека нема да има ништо од тоа.
Една од „најжешките“ приказни во овој летен трансфер период е иднината на Александер Исаак.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Швеѓанецот минатата сезона блескаше во дресот на Њукасл, постигнувајќи 23 гола во 34 натпревари во Премиер лигата.
Не требаше долго пред да се почне зборување за неговиот следен чекор во кариерата, а најмногу интерес имаше од страна на Ливерпул.
На Исак му беше голема желба да игра за клубот од Мерсисајд и на еден период се чинеше дека тоа ќе се оствари, но во последно време оваа приказна се смири.
Како што сега пренесуваат англиските медиуми, поточно „Телеграф“ – нема да има трансфер на 25-годишникот кај „црвените“.
Овој извор наведува дека од Њукасл порачале на Исак дека ова лето нема да го пуштат во Ливерпул, но исто така ни во друг клуб.
Ќе биде интересно да се следи реакцијата на Швеѓанецот на сето ова и дали воопшто ќе има мотивација оваа сезона во црно-белите дресови.
🚨 Newcastle United have told Александер Исаак:
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 10, 2025
🔸 He will not be sold this summer.
🔸 He will not be allowed to join Liverpool.
(Source: Telegraph) pic.twitter.com/zbQ54ENbsQ
Фотографија: Принтскрин