Дома Фудбал Сѐ е договорено: Манчестер Сити ќе има свој египетски крал!

Сѐ е договорено: Манчестер Сити ќе има свој египетски крал!

Манчестер Сити оваа сезона е само сенка од тимот кој сме навикнати да го гледаме изминатите години, а за тоа доволно говори нивната позиција во Премиер лигата. По 20 одиграни натпревари се наоѓаат на само шестото место на табелата.

Беше неизбежно дека „Граѓаните“ ќе се засилат во зимскиот преоден рок, а првото засилување ќе биде официјализирано следната недела, потврдува Фабрицио Романо.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Станува збор за презаслужениот Египќанец Омар Мармуш кој игра одлично во Бундеслигата за екипата на Ајнтрахт Франкфурт.

25-годишниот напаѓач оваа сезона се наоѓа во одлична форма, што го покажуваат и неговите бројки. За 15 одиграни натпревари во највисоката германска фудбалска лига, постигнал дури 13 гола, а притоа додал и 8 асистенции.

Навистина импресивни бројки, но затоа екипата од Манчестер нема да го помине ова нималку евтино. Како што наведуваат англиските медиуми, обештетувањето што Сити ќе треба да го плати на Ајнтрахт изнесува околу 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова хит ситуација: Фудбалер како награда за најдобар на натпреварот доби – печено прасе! (Видео)

Норвешката лига и клубот Брин повторно се во центарот на вниманието. На почетокот на шампи…