Дома Фудбал Сѐ беше уништено: На местото на големата трагедија се гради стадион како од бајка (Видео)

Сѐ беше уништено: На местото на големата трагедија се гради стадион како од бајка (Видео)

Посебно внимание во фудбалскиот свет привлече турскиот клуб Кахраманмарашспор, кој е член на четвртата лига во оваа земја.

Овој клуб доаѓа од градот Мараш кој во 2023 година претрпе значителни загуби поради разорниот земјотрес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во тој земјотрес беше уништена и многу спортска инфраструктура, а локалниот стадион беше сосема срушен.

Меѓутоа, градот Мараш и екипата на Кахраманмарашспор ќе добијат нов модерен стадион како од бајките.

Местото на урнатините и тажната сцена, каде што и каменот заплака, е преобразено во градилиште.

Пред половина година започна изградбата на новиот стадион во Мараш, кој ќе има капацитет од 20.000 седишта.

Веќе се наѕираат и првите трибини на стадионот, а работите се во полн ек. Овој модерен стадион ќе биде симбол на повторно раѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не му се случило досега: Мбапе промаши празен гол! (Видео)

Килијан Мбапе во денешното реми на Реал Мадрид со Рајо Ваљекано (1-1) го имаше можеби и на…