Дома Фудбал Руни му зададе силен удар на Салах: Да сум јас на местото на Слот…

Руни му зададе силен удар на Салах: Да сум јас на местото на Слот…

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни смета дека е време менаџерот на Ливерпул Арне Слот да го става често Мохамед Салах на клупа. Причината за тоа е слабата форма на Египќанецот и фактот дека воопшто не ја помага својата екипа во одбраната.

Ливерпул го погодува голема резултатска криза, а капката што ја прели чашата беше тежок пораз од Нотингем (0:3) на Енфилд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако многумина го напаѓаат Арне Слот, легендите на англискиот фудбал покажуваат прст кон Мохамед Салах. Тој е голема ѕвезда, многу му даде на Ливерпул, но јасно е дека оваа сезона не е ни приближно добар како порано.

Вејн Руни верува дека Салах треба да се пресели на клупа и дека со својот слаб настап и недостатокот на залагање штети на екипата.

„Да сум Слот, би се обидел да донесам важна одлука која барем би имала влијание на остатокот од тимот. Салах не им помага во одбраната. Ако сте еден од играчите кои неодамна потпишаа и останете на клупа, гледајќи дека тој не трча, иако е легенда и многу направи за клубот, каква е тогаш пораката за вас?“, рече Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…