
Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во своето шоу „Вејн Руни шоу“ изјави дека Џек Грилиш сигурно нема да патува на Светското првенство. Грилиш забележа 39 настапи и постигна четири гола за Англија, но повеќе од една година не е дел од репрезентацијата.
“Слободно може да го организира својот одмор бидејќи нема да биде во составот за Светското првенство”, изјави Руни за 30-годишниот Грилиш. Неговиот клуб Манчестер Сити моментално го има позајмено во Евертон. Оваа сезона има реализирано четири асистенции и еден гол. Евертон се бори во првенството и се наоѓа на 13. позиција по 11 одиграни кола.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Грилиш пред четири години премина од Астон Вила во Манчестер Сити за сума од 117 милиони евра, но никогаш не ја оправда таа инвестиција. Во моментов, његовата вредност според „Трансфермаркт“ е 28 милиони евра. Оваа сезона во тимот на Пеп Гвардиола нема простор за него, па Сити одлучи да го позајми на Евертон. Очекувано е да се врати на крајот на сезонава.