Дома Фудбал Руни и понатаму не може да се помири со натпреварот во кој Агуеро стана херој: Се треба да се истражи! (Видео)

Руни и понатаму не може да се помири со натпреварот во кој Агуеро стана херој: Се треба да се истражи! (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни сè уште не може да се начуди што не е под истрага веројатно најпознатиот натпревар во историјата на англиската Премиер лига.

Се разбира, станува збор за победата на Манчестер Сити над Квинс Парк Ренџерс со резултат 3:2 во последното коло од Премиер лигата во 2012 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тогаш Манчестер Сити со головите во судиското додатно време ја освои титулата шампион на Англија. Головите за пресврт ги постигнаа Един Џеко и Серхио Агуеро, и така станаа „бесмртни“ во историјата на англискиот фудбал.

Така, Сити ја одзема титулата на Манчестер Јунајтед, иако Црвените ѓаволи на друг стадион го завршија својот натпревар и веќе го славеа успехот.

Легендарниот Руни сè уште е фрустриран од тој момент кој, и покрај бројните титули и трофеи, му ја одбележа кариерата. Поранешниот капитен на Јунајтед сè уште не може да се начуди зошто натпреварот не е истражен поради наводно местење.

„Очигледно беше тешко да се брани КПР, но зарем Педи Кени не ја предаде топката на Сити. КПР знаеше дека обезбедиле опстанок во лигата, Сити изедначи на 2:2, а КПР потоа повторно им ја врати топката. Ги имаа Сисе на теренот, Бартон беше исклучен поради глупо однесување, Рајт-Филипс и Онуоха беа тука… Тоа дефинитивно требаше да биде под истрага“, рече Руни во подкастот Оверлап.

Ова не е првпат Руни јавно да зборува дека натпреварот Сити -КПР треба да се истражи.

„Педи Кени требаше да биде подобар во неколку голови. Сити го дава вториот гол, а КПР им ја враќа топката. Тоа никогаш не беше доведено во прашање, а Џибрил Сисе слави на крајот со играчите на Сити“, зборуваше претходно Руни.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Челси извојува драматична победа над Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на п…