Се надеваа љубителите на тенисот дека во Копенхаген ќе гледаат дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Холгер Рун, но тоа нема да се случи. Најдобриот тенисер на сите времиња мораше да се повлече поради повреда и не е во можност да им помогне на своите сонародници во Дејвис купот.
Се надеваше и најдобриот дански тенисер дека ќе го види еден од своите идоли во својот роден град. Затоа му испрати порака уште пред неколку недели од салата во Копенхаген, ја сликаше „Ројал арената“ и му напиша дека го чека таму.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Многу сум му лут на Новак. Се шегувам се разбира. Се мачеше со повредата. Може да видиме дека му беше тешко што не можеше да дојде“, почна Рун.