
Јануарскиот трансфер период е сè поблиску и сите клубови, секако, се подготвуваат за продавање, но и за купување засилувања што им се потребни за продолжување на сезоната
Некои клубови веќе се обидуваат да договорат некои зделки, за во јануари само да ги завршат формалностите и да ги донесат играчите што ги сакаат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед реши дека во јануари ќе тргне со сите сили по нов играч од средината на теренот, и решија кој е првиот избор.
Станува збор за играчот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, кој е првата и најреалистична цел за јануарскиот трансфер период, и понудата за него веќе е подготвена.
Како што пренесуваат англиските медиуми, сите во Манчестер Јунајтед веруваат дека во јануари лесно ќе го завршат случајот околу неговото доведување, и покрај тоа што неговиот клуб бара “убава” сума на пари за него.
Андерсон има 22 години и во екипата на Нотингем Форест премина од Њукасл за околу 50 милиони евра минатото лето и многу брзо стана еден од главните играчи во тимот.
Неговите одлични партии во средниот ред го запалиле интересот на тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, и тој сака да го има во неговата соблекувална од јануари.
Најверојатно во Манчестер Јунајтед сметаат дека играчот би бил многу отворен за трансфер веќе во јануари и дека кариерата би сакал да ја продолжи на Олд Трафорд.
Се разбира, тие сметаат дека можат да му ветат борба за титулите во наредниот период.
Од другата страна, од Нотингем Форест се повеќе од јасни и тие испратија порака дека секој кој сака да го доведе Андерсон треба длабоко да ја отвори кесата и да плати многу пари.