Дома Фудбал Роналдо ја надмина конкуренцијата – заработил најмногу пари во 2024 година!

Роналдо ја надмина конкуренцијата – заработил најмногу пари во 2024 година!

Кристијано Роналдо и во 2024 година го држи врвот како најплатениот спортист во светот, и тоа со убедлива разлика во однос на останатите ѕвезди.

Португалската фудбалска икона, која настапува за Ал Наср во Саудиска Арабија, заработил неверојатни 215 милиони долари од својот договор со клубот. На оваа сума се надоврзуваат дополнителни 45 милиони долари од маркетинг активности, вклучувајќи спонзорства и рекламни договори со некои од најголемите светски брендови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На второто место на листата на најплатени спортисти се наоѓа Стеф Кари, суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, со вкупна заработка од 153,8 милиони долари, што вклучува приходи од НБА платата и спонзорски договори.

Третата позиција му припаѓа на британскиот боксер Тајсон Фјури, кој во 2024 година инкасирал 147 милиони долари, главно благодарение на неговите спектакуларни борби и профитабилни договори за пренос на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…