Дома Фудбал Роналдо за првпат откри каде и кога ќе се венча, се ќе има голема симболика!

Роналдо за првпат откри каде и кога ќе се венча, се ќе има голема симболика!

Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез планираат да се венчаат следното лето на христијанска церемонија на островот Мадеира, неговото родно место, објави Jornal da Madeira.

Церемонијата се очекува да се одржи во катедралата во Фуншал, додека свадбениот прием ќе се одржи во еден луксузен хотел.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Изборот на локацијата има симболично значење бидејќи катедралата е лоцирана само на 2.4 километри од болницата каде што е роден Роналдо, и три километри од седиштето на клубот Национал да Мадеира, каде што ја започна својата кариера.

Роналдо (40) и Георгина неодамна објавија дека се свршени после повеќе од девет години врска. Ѕвездата од Португалија во интервју со Пиерс Морган откри дека предложувањето било сосем спонтано.

Роналдо има пет деца, Алана Мартина и Бела Есмералда со Георгина, Кристијано Џуниор роден во 2010 година и близнаците Ева и Матеу, родени преку сурогатство седум години подоцна.

Парот во 2022 се соочи со трагедија, загубата на новородениот син Анхело, додека неговата сестра близначка Бела преживеа.

Роналдо нагласува дека овие тешки моменти ги сплотија уште повеќе, и откри дека планираат свадба по Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

“Планираме свадба по СП, ако може, со трофејот, но Георгина не сака големи забави, ѝ одговара приватноста, и тоа го почитувам”, додаде Португалецот.

Роналдо додаде дека ѝ е драго што Георгина не придава значење на вредноста на прстенот кој е проценет на 1.7 милиони евра.

“Само ме праша дали сум искрен. Јас ја сакам и сакам да се оженам со неа”, заврши тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игра во животна форма и вреди 55 милиони евра: Реал го доведува за 9 милиони евра

Нико Паз воодушевува во Комо во Серија А. Откако пристигна во италијанскиот клуб од Реал М…