Дома Фудбал Роналдо за прославата на Хојлунд: Би било добро да му го покажам оригиналот

Роналдо за прославата на Хојлунд: Би било добро да му го покажам оригиналот

Расмус Хојлунд беше во центарот на вниманието кога, по постигнатиот гол за победа на Данска против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нации, прослави на начин во стилот на Кристијано Роналдо.

Тоа беше и единствениот гол на натпреварот, а Роналдо веројатно се надева дека во реваншот ќе може на Хојлунд да му покаже како изгледа кога тој слави голови.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Сепак, интересен му беше потегот на противникот. Но и изјавата на Хојлунд дека на тој начин го прославил голот токму во чест на својот идол против кого играше и против кого на својата репрезентација ѝ донесе победа.

Роналдо не го доживеа овој потег како провокација или исмевање.

„Не ми пречеше, за мене тоа не е проблем. Знам дека тоа не беше знак на непочит. Тој не е единствениот што така прославува голови, тоа го прават многу играчи ширум светот. А јас сум доволно интелигентен за да го разберам тоа на вистински начин“, изјави Кристијано Роналдо.

„За мене тоа е чест. Се надевам дека јас така ќе можам да прославам пред него во реваншот, да му го покажам оригиналот. Тоа би било добро. Ми е драго што му се допаѓа моето славење“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрицио Романо веќе не е само новинар – доказ е стоперот од Премиер лигата!!

Најпознатиот светски фудбалски трансфер инсајдер Фабрицио Романо одамна не е само новинар.…