Дома Фудбал Роналдо во Саудиска Арабија добива 200 милиони евра годишно, а трофеј – нема!

Роналдо во Саудиска Арабија добива 200 милиони евра годишно, а трофеј – нема!

Кристијано Роналдо без сомнеж е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Во неговата блескава кариера освои речиси сè – пет Златни топки, пет титули во Лигата на шампионите, Европско првенство со Португалија, а единствено не успеа да освои Светско првенство.

Сепак, Роналдо, кој во 2022 година се приклучи на Ал-Наср, се уште чека и на својот прв трофеј во Саудиска Арабија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да бидеме искрени, единственото што досега го освои беше во 2023 година кога неговиот клуб стигна до Арапскиот куп на шампиони. Но, ФИФА овој турнир не го признава како официјално натпреварување.

Во сите други натпреварувања, Ал-Наср или губеше во финалињата или претходно ги губеше шансите за титула, како што беше сега со елиминацијата во осминафиналето на Купот на кралот (Ал Итихад 1:2).

За петкратниот носител на Златната топка, таквите неуспеси се особено болни.

Треба да се истакне дека Роналдо во Саудиска Арабија заработува 200 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешната ѕвезда на Тотенхем може брзо да се врати во Европа и тоа – во Барселона!

Хјонг Мин Сон, играчот на Лос Анџелес, наскоро би можел да се приклучи на Барселона како п…