Дома Фудбал Роналдо во 2018: Во Англија не обрнуваат внимание на f*ck off, а во Шпанија те исклучуваат за тоа

Роналдо во 2018: Во Англија не обрнуваат внимание на f*ck off, а во Шпанија те исклучуваат за тоа

По контроверзниот директен црвен картон на Џуд Белингам за употреба на изразот f*ck off во ремито 1:1 на неговиот Реал Мадрид со Осасуна, во Шпанија се потсетија на интервју со Кристијано Роналдо од 2018 година.

Тогашната ѕвезда на „лос бланкос“ објаснуваше како судиите во Англија не обрнуваат внимание на вакви изрази, за разлика од судиите во Ла Лига, кои се склони да ги исклучат играчите за вакви зборови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Судијата е недопирлив, но исто така треба да се гледа што се случило и околностите во натпреварот. Понекогаш треба да бидете малку флексибилни. На пример, јас играв многу години во Англија. Знаеш ли што често велат таму? Дека тоа е нормален израз и судијата не го сфаќа како личен напад. На пример, Англичаните често го користат f*ck off. Разбираш ли? А судиите не прават ништо. Ако го кажеш тоа во Шпанија, ќе те испратат надвор од теренот. Треба да бидете малку флексибилни, тоа е моето мислење“, кажуваше тогаш Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока кавга во соблекувалната на Марсеј, Де Зерби веднаш ги отфрли двајцата, но се јави мајката на еден од нив

Во соблекувалната на Марсеј се случи „пожар“, а наводно, по поразот од Рен, се судрија Адр…