
Кристијано Роналдо и неговиот клуб Ал Наср не успеаја да се квалификуваат на Светското клупско првенство, а португалската ѕвезда имаше нешто да каже по тоа прашање.
Роналдо неодамна го продолжи договорот со саудискиот клуб. Нивните ривали како Ал Хилал и Ал Ахли се дел од Светското клупско првенство, но тоа не важи за Ал Наср.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Меѓутоа, за Роналдо тоа не е проблем, бидејќи има други приоритети:
„Имав понуди да играм на Светското првенство, но не гледав смисла во тоа. Повеќе ми е важно да се одморам, да се подготвам добро, бидејќи оваа сезона ќе биде долга и со интензивен ритам – завршува со Светското првенство“, изјави Роналдо и додаде:
„Сакам да бидам подготвен, не само за Ал Наср, туку и за репрезентацијата“.
И покрај возраста, Португалецот е сè уште гладен за трофеи:
„Мојата цел е секогаш да освоиме нешто значајно со Ал Наср. И, секако, сè уште верувам во тоа. Затоа го продолжив договорот за уште две години, бидејќи верувам дека ќе станам шампион во Саудиска Арабија“.