Дома Фудбал Останато Роналдо: Мбапе не знае да игра како напаѓач

Роналдо: Мбапе не знае да игра како напаѓач

Кристиано Роналдо го предупреди Килијан Мбапе дека ќе му биде тешко да се прилагоди на новата позиција.

По преселбата во Реал Мадрид, Французинот играше во центарот на нападот, а во Пари Сен Жермен најчесто беше крило. Роналдо ја направи истата транзиција во една фаза од кариерата.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Го сакам Килијан Мбапе, тој е голем фудбалер. Реал Мадрид, грижи се за него, тој ќе ви донесе многу радости. Напаѓачката позиција малку ја комплицираше ситуацијата на Мбапе бидејќи тој не знае да игра како напаѓач. Тоа не е негова позиција“, изјави Роналдо.

„Од време на време го гледам Реал Мадрид бидејќи син ми Матео го сака Мбапе. Грижете се за Мбапе, упатувам порака до фановите на Реал Мадрид. Грижете се за него, грижете се за овој млад човек бидејќи тој е многу добар играч и Реал Мадрид мора да го заштити“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не помага ниту ВАР: Поништен чист гол во Премиерлигата (Видео)

Официјално е потврдено дека на српскиот фудбалер Никола Миленковиќ неправедно му беше пони…