Дома Фудбал Роналдо ја доби битката со Јувентус, „старата дама“ треба да му исплати десет милиони евра

Роналдо ја доби битката со Јувентус, „старата дама“ треба да му исплати десет милиони евра

Кристијано Роналдо ја извојува правната борба против Јувентус во долготрајниот спор околу неисплатените плати, кој започна во 2021 година, кога Португалецот го напушти Торино и се врати во Манчестер Јунајтед.

Судијата за работно право во Торино, Џан Лука Рободо, ја отфрли жалбата на Јувентус и ја потврди претходната арбитражна одлука според која клубот од Торино мора да му исплати на Роналдо 9,7 милиони евра, што со заостанати камати достигнува околу 11 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Целата афера започна во периодот на пандемијата со коронавирусот, кога Јувентус постигна договор со играчите за привремено, наводно фиктивно откажување од дел од платите, со цел да се ублажат финансиските проблеми на клубот.

Со Роналдо, Јувентус во 2021 година постигна посебен договор со кој се предвидуваше одложена исплата на 19,5 милиони евра бруто. Оваа сума, сепак, никогаш не беше забележана во финансиските извештаи на клубот, ниту пак беше исплатена, земајќи предвид дека Роналдо истото лето замина од Италија.

Контроверзниот документ подоцна беше спомнат и во рамките на истрагата „Призма“, која го зафати управниот врв на Јувентус и доведе до оставката на претседателот Андреа Ањели и целиот Управен одбор. Во прислушкувани разговори, тогашниот шеф на правната служба на Јувентус, Чезаре Габасио, изјави дека тој писмен договор „теоретски не би требало да постои“.

Договорот на Роналдо беше откриен на 23 март 2022 година при претрес во канцеларијата на адвокатот Федерико Рестана во Торино.

Во септември 2023 година, Роналдо поднесе тужба против Јувентус, но бидејќи документот не ги носеше неговите подпис, страните се договорија случајот да биде решен со арбитража. Арбитражната комисија на 17 април 2024 година одлучи да му исплати на Португалецот половина од побараниот износ, односно 9,8 милиони евра, посочувајќи дека играчот никогаш не се обидел да го наплати целиот износ по напуштањето на Италија.

Јувентус се жалеше на оваа одлука, но сега судот во Торино дефинитивно пресуди во полза на Кристијано Роналдо, со што случајот практично завршува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивач сподели фотографија, се создаде лудница меѓу навивачите: Дали Алонсо е во градот? (Фото)

Чаби Алонсо неодамна доби отказ на клупата на Реал Мадрид, а наместо него Флорентино Перез…