
Кристијано Роналдо, дури и во педесетите години од животот, докажува дека е вистински феномен на светскиот фудбал. На почетокот на квалификациите за Светското првенство, Португалија ја декласираше Ерменија со 5:0 на гости, а искусниот ас постигна два гола и со тоа уште еднаш покажа дека времето за него како да стои в место.
Со овие два нови погодоци, стигна до неверојатни 140 гола во дресот на националниот тим во 222 одиграни натпревари, со што дополнително го зацврсти тронот на најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секако, познато е дека Роналдо отворено зборува дека сака да ја заврши кариерата со 1.000 постигнати голови. Моментно е на бројката од 942, па јасно е дека таа цел сега не е само пуста желба, туку се повеќе изгледна реалност.
Покрај тоа, Португалецот постави личен рекорд во квалификациите за Мундијал, постигнувајќи 38 гола и престигнувајќи го Лионел Меси, кој остана на 36. Сега пред него е само легендарниот напаѓач на Гватемала, Карлос Руиз, со 39 постигнати гола во квалификациите за Светското првенство.
Како што Португалија има уште пет натпревари во актуелната фаза, речиси е извесно дека и овој рекорд наскоро ќе му припадне на Роналдо, кој и на 40 години продолжува да ги поместува границите на она што еден фудбалер може да го постигне.