Кристијано Роналдо, еден од највлијателните фудбалери во историјата, започна со одработување на завршниот дел од својот договор со Ал-Наср, што значи дека според регулативите на ФИФА, сега има право да започне преговори со други клубови за евентуален трансфер.
Засега нема официјални најави или потврдени информации за продолжување на соработката со сегашниот клуб, ниту за неговите планови по истекот на договорот. Според извори од Шпанија, менаџерскиот тим на Роналдо ја истражил можноста за премин во Париз Сен Жермен, но францускиот клуб ја одбил оваа идеја, наведувајќи дека условите за договор со Португалецот не се економски одржливи и дека неговата возраст не одговара на нивните долгорочни стратегии.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Иако иднината на Роналдо останува неизвесна, неговата цел да ја надмине магичната бројка од 1.000 голови јасно покажува дека нема намера да ја заврши својата кариера во блиска иднина.