Дома Фудбал Роналдо: Јас сум најдобриот и најкомплетниот фудбалер во историјата

Роналдо: Јас сум најдобриот и најкомплетниот фудбалер во историјата

Кристијано Роналдо продолжи да ги тресе мрежите, во дербито на азиската Лига на шампиони во победата на неговиот Ал Наср против Ал Васл од Обединетите Арапски Емирати постигна два гола.

Португалецот во својата кариера до сега постигнал 923 гола, до неверојатната бројка од 1.000 му недостасуваат уште само 77 гола. А веќе во среда, на 5 февруари, Роналдо ќе го прослави својот 40. роденден!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во пресрет на тоа, Португалецот даде интервју за шпанскиот „Ел Чирингиту“, со нагласување дека тој е најдобриот фудбалер во историјата.

„Досега имам постигнато 923 гола, но не ми прави разлика дали ќе имам 930, 950 или колку и да е. Ако успеам да постигнам 1.000, одлично. Ако не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата и точка! Не сум видел подобар од мене“, рече Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…