РОМАРИО (59), еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња, е фатен со 21-годишната студентка Алисиа Гомес, пишуваат бразилските медиуми. Бразилски „Teрa“ пишува дека Ромарио се обидува да ја сокрие врската со девојката која е 38 години помлада од него, но веќе неколкупати биле видени на јавни места, а Гомес ги заклучила своите профили на социјалните мрежи.
“Цела ноќ беа заедно, на крајот ги фатија и камерите”, пишува Terra за забавата на новоформираниот пар. Гомес е прва девојка на Ромарио откако судот во Бразил го осуди на парична казна од околу 1700 евра затоа што следбеничка на Инстаграм ја нарече проститутка.
NAO IMPORTA O QUAO FEIO VOCÉ É,O QUE IMPORTA SAO AS NOTAS,AMIGÃO.
— OTipster (@Biotipster1) February 5, 2025
Aos 59 anos, o craque Romário está namorando com a estudante de 21 anos, a Alicya Gomes, que é 38 anos mais jovem que ele!
wataa pic.twitter.com/JPNDHmwc6X
Денес е политичар
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ромарио денес се занимава со политика и моментално е сенатор на државата Рио де Жанеиро. Беше оженет трипати и има седум деца, од кои едно вонбрачно, додека сè уште беше во брак со својата втора сопруга Даниела Фавато.
Во кариерата играше за Васко да Гама, ПСВ, Барселона, Фламенго, Валенсија, Флуминенсе, Ал Сад, Мајами ФК, Аделаиде Јунајтед и Америка РЈ. За репрезентацијата на Бразил во 70 настапи постигна 55 гола, а во 1994 година беше светски шампион. Исто така, истата година ја освои наградата за најдобар играч на светот.