Дома Фудбал Рома и Наполи претставија две големи засилувања, платени се над 50 милиони евра

Рома и Наполи претставија две големи засилувања, платени се над 50 милиони евра

Летниот трансфер период е во полн елек. Последните најинтересни трансфери се завршени во Италија, а се засилија шампионот Наполи и Рома.

Наполи го потврди доаѓањето на 26-годишниот холандски стопер, Сам Беукеме. Договорот со тимот од југот на Италија го потпиша до 2030 година, а Наполи го плати на Болоња 31 милион евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој во Италија инаку пристигна од АЗ Алкмар во летото 2023 година кога Болоња го плати 14,2 милиони евра, и така повеќе од двојно профитираше.

Со Болоња го освои Купот на Италија, што му е единствениот трофеј во кариерата, а да спомнеме дека во родната земја играше и за Го Ајд Иглс.

Фудбалерот за врска, Нил Ел Ајнауи е засилување за Рома. По потреба може да игра и на други позиции.

За неговите услуги беа заинтересирани многу тимови, и така се спомнуваше со Палас, Евертон, Сандерленд, Астон Вила, но и други италијански тимови како Јувентус, Милан и Лацио.

Станува збор за 25-годишен марокански фудбалер кој со Рома потпиша договор до летото 2030 година.

Фото: Grok AI

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Алонсо: Се повреди уште една ѕвезда на Реал Мадрид

Уругвајската ѕвезда Федерико Валверде се соочува со нов здравствен проблем во редовите на …