Во последно време Рома се наоѓа во голема резултатска криза, а нов „шамар“ Волчицата го прими пред два дена кога на Олимпико тимот на Аталанта победи со 2:0. Во центарот на вниманието посебно заврши Артем Довбик поради неверојатната грешка која се случи кога станува збор за неговиот дрес.
Рома веќе шест последователни натпревари не ја знае победата во сите натпреварувања, а агонијата продолжи и во понеделник кога Аталанта го напушти Олимпико со три бодови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостите од Бергамо успеаја заслужено да победат со 2:0 во мечот од 14. коло на Серија А, а головите за гостите ги постигнаа Де Рон и Заниоло.
Волчицата оддамна не била во ваква резултатска криза, а се чини дека не и помагаат ни честите промени на тренерската клупа.
Меѓутоа, уште една ситуација која се случи за време на натпреварот против Аталанта покажа дека на Олимпико навистина ги изгубиле сите конци затоа што направиле грешка која во светот на фудбалот ретко се гледа.
At first i thought some fake pic was going around but it seems not. At #ASRoma truly anything is possible. 😂 #Dovbyk #RomaAtalanta pic.twitter.com/pPfMPxr92f
— LazioLand (@Lazio_Land) December 2, 2024
Имено, во центарот на вниманието заврши украинскиот напаѓач Артем Довбик кој беше големо засилување на Рома ова лето кога пристигна од Жирона, но на „Олимпико“ не му оди како што се надеваше.
Довбик против Аталанта на теренот беше еден час, а целото време носеше дрес на кој заемот не беше правилно напишано неговото презиме.
Наместо Довбик на дресот на Украинецот пишуваше “Добвик”, и навивачите на ривалските клубови едвај дочекаа да ја прозоваат Рома за тоа.
Секако, најгласни беа навивачите на Лацио кои ја исмеваат Рома поради неверојатната грешка и се радуваат што нивниот луѓ враг во градот не поминува добро во последно време.
Фотографијата на Довбик започна со неверојатна брзина да се шири на социјалните мрежи и во првиот момент многумина мислеа дека станува збор за монтажа, но се покажа дека навистина погрешно го напишале презимето на украинскиот напаѓач на дресот.
Рома во Серија А има четири последователни порази и се наоѓа на само 15-то место со само 13 бодови по 14 одиграни натпревари.
Во претходните скоро две години Рома промени дури четворица тренери. По заминувањето на Мурињо, во клубот дојде Даниеле Де Роси кој неочекувано доби отказ, а наместо него пристигна Иван Јуриќ.
Но, и Хрватот неодамна доби отказ поради лоши резултати и моментално тренер е искусниот Клаудио Раниери, но се чини дека ни тој нема да се задржи долго на Олимпико.