Дома Фудбал Родриго сака да замине, Реал Мадрид бара 100 милиони евра, а во игра се пет европски гиганти

Родриго сака да замине, Реал Мадрид бара 100 милиони евра, а во игра се пет европски гиганти

Јануари би можел да донесе и голем трансфер на Родриго од Реал Мадрид, а неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Според пишувањето на шпанскиот АС, Бразилецот Родриго сака да го напушти Реал Мадрид и му е доста од сè во овој клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Одлуката ја донесе играчот заедно со неговиот татко, откако научија многу од грешката што ја направија летото кога решија Родриго да остане во Реал Мадрид.

Крилниот фудбалер сфатил дека е време да замине од овој клуб и да оди во некој тим каде што ќе биде повеќе ценет и каде што ќе има поважна улога.

Родриго сака да замине уште овој јануари, доколку се отвори таква можност, но многу зависи и од Реал Мадрид, кој би го продал следното лето.

Сепак, Реал Мадрид одредил цена и таа изнесува 100 милиони евра, а пет клуба се многу заинтересирани за доведување на Бразилецот.

“Започна трката за Родриго.”

ПСЖ е наводно единствениот тим кој има финансиска моќ да го доведе.

Сепак, Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер Сити се исто така заинтересирани.

Реал Мадрид ќе земе предвид само понуди од околу 100 милиони евра, инаку нема да го продаде”, тврди Екрем Конур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…