Дома Фудбал Роден е во Данска, но порачува: Нема да плачам, ако утре дадам гол!

Роден е во Данска, но порачува: Нема да плачам, ако утре дадам гол!

Данската репрезентација сериозно ги анализира заканите кои доаѓаат од македонскиот напад пред утрешниот бараж во Копенхаген, при што посебно внимание му се посветува на Бојан Миовски. Сепак, во нивните калкулации се наоѓа и Лирим Ќамили, фудбалер кој добро ја познава данската средина и може да биде непријатно изненадување.

Токму овој натпревар има дополнителна тежина за Ќамили, кој е роден и израснат во Данска, каде што и денес настапува за Сондерјиске. Сега, судбината сака да се најде на спротивната страна и да се обиде да ѝ наштети на селекцијата од земјата во која ги направил првите фудбалски чекори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не би било искрено да кажам дека ми е сеедно. Ќе играм во државата каде што сум роден и пораснав, против таа репрезентација. Но, тоа е дел од животот на професионалецот – кога ќе излезеш на терен, даваш сè од себе за својот тим. А мојот тим е Македонија и подготвен сум да го оставам срцето на теренот. Ако постигнам гол? Не верувам дека ќе заплачам,“ изјави Ќамили за данските медиуми.

Во меѓувреме, домаќините во изминатиот период често укажуваа на проблеми во одбранбената линија, но македонскиот репрезентативец смета дека тие реакции се донекаде пренагласени.

„Имаме голема почит кон Данска и свесни сме за нивниот квалитет. Се жалат на повреди во одбраната, но можеби и повеќе отколку што е потребно. Кога ќе се погледне нивниот состав, јасно е дека располагаат со врвни играчи на секоја позиција, фудбалери кои настапуваат во најсилните европски лиги. Затоа, не се оптоваруваме со нивните изјави, туку целосно сме насочени кон нашата подготовка,“ порача Ќамили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта пак го „заборави“ Меси: За мене тој е најдобар во историјата!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изгледа го заборава Лео Меси, а неговото смело м…