Дома Фудбал Роберто Карлос се разведе: Жена му спие во куќата, a тој покрај тренинг кампот на Реал Мадрид

Роберто Карлос се разведе: Жена му спие во куќата, a тој покрај тренинг кампот на Реал Мадрид

Легендата на Реал Мадрид Роберто Карлос (51) наводно се преселил во спортските објекти на кралскиот клуб по разводот од својата сопруга Маријана Лукон, според „Estadio Deportivo“. Бразилецот, татко на најмалку 11 деца со седум различни жени, се соочува со комплициран развод по повеќе од 15 години брак.

Тие беа во брак од 2009 година, и сега се очекува дека разделбата ќе биде сложен процес поради поделбата на богатството на поранешниот играч, кое се проценува на околу 160 милиони долари. Според извештаите, родителите на неговата сопруга живеат во една од неговите недвижнини, а сопругата останала во главната куќа, па затоа Карлос привремено се преселил во спортските објекти на Реал, каде што работи како член на тимот за маркетинг и менаџмент.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Комплексот на Реал има соби со пет ѕвезди каде играчите понекогаш преноќуваат доколку е потребно. Една од тие користи и легендарниот Бразилец, а Шпанците пишуваат дека тој спие во соба до тренинг терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…