Еден од најперспективните тенисери на денешницата, Карлос Алкараз, изрази мислење дека е малку веројатно во иднина некој играч да ги достигне величествените успеси на легендарната „голема тројка“ – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Шпанецот, кој важи за еден од предводниците на новата тениска генерација, смета дека иако актуелната конкуренција е силна, ривалството што го имаа овие тројца великани е речиси невозможно да се повтори.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Тие го подигнаа тенисот на астрономско ниво, поставувајќи стандарди што ќе бидат тешко достижни. Денес има многу играчи кои можат да освојуваат гренслем-титули и да победуваат врвни противници. Јас сум дел од таа млада генерација, но искрено, ривалството какво што го имаа Надал, Федерер и Ѓоковиќ ќе биде невозможно да се повтори“, изјави Алкараз.