Дома Фудбал Ристовски со проектил се најави во Сараево – ја „скина“ мрежата на Радник (Видео)

Ристовски со проектил се најави во Сараево – ја „скина“ мрежата на Радник (Видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше извонреден старт во новиот клуб, постигнувајќи спектакуларен гол на своето деби за Сараево во натпреварот против Радник Бијељина.

Во второто полувреме, Ристовски покажа класа и смиреност – со мајсторски потег го помина својот чувар, а потоа одлично ја процени ситуацијата и упати прецизен и силен удар кој заврши во мрежата на противникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со овој гол, Сараево поведе со убедливи 3-0, а Ристовски веднаш ги воодушеви навивачите и најави дека ќе биде сериозно засилување за тимот во новата сезона.

Сараево, сепак, на крајот освои само бод против Радник (4-4).

Фото. Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Сакав да играм за Хрватска“ Златан Ибрахимовиќ имал дилема помеѓу две репрезентации од поранешна Југославија

Во третата епизода на (Не)успехот на шампионите, Златан Ибрахимовиќ разговараше со Славен …