Дома Фудбал Ристовски: На Кожуф и на Башкими ќе им биде одземена лиценцата за спорт!

Ристовски: На Кожуф и на Башкими ќе им биде одземена лиценцата за спорт!

Министерот за спорт, Броко Ристовски преку социјалните мрежи ја имаше првата реакција за скандалот кој се случи во Гевгелија на мечот меѓу Кожуф и Башкими.

Раководството на ФФМ најави истрага и жестоки санкции, а вечерва со свој коментар на истата тема се јави и Министерот Борко Ристовски.

„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на клубовите Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт. Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт ќе биде секогаш на вистинската страна“, истакна Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …